ВИДЕО: Олимписките игри 2020. во Токио

Од:

Во аргентинскиот главен град Буенос Аирес синоќа на седница на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во финалниот круг на гласање беше одлучено Летните Олимписки игри 2020 година да се одржат во Токио.

Така главниот град на Јапонија по вторпат ќе биде домаќин на најдобрите спортисти од целиот свет. Првиот пат беше домаќин во 1964 година.

Во решавачкото гласање Токио доби 60 од можните 96 гласови.

Конкурент на јапонскиот град беше Истанбул, но тешко беше за очекување по 2012 и Лондон, Игрите повторно да бидат во Европа.

three_bid_cities470x263

Во првиот круг на гласање испадна Мадрид, откако имаше со Истанбул по 26 гласа и во прегласувањето беше 49-45 за турскиот град. Токио тогаш доби 42.

Следните Летни Олимписки игри ќе се одржат 2016 година во Рио де Женеиро, Бразил.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?