Воената морнарица на Иран денеска соопшти дека идентификувала американски разузнавачки авион во близина на Оманскиот залив и испратила предупредување до него, објави полуофицијалната новинска агенција Тасним.
Агенцијата Тасним првично објави дека американскиот авион ЕП-3Е влегол во иранскиот воздушен простор, но подоцна тоа го негираше и објави дека леталото го напуштило тој простор по предупредување.
„По предупредувањето, авионот беше спречен да влезе во иранскиот воздушен простор без дозвола“, соопшти агенцијата.
Авионот Lockheed EP-3 е извидувачки авион кој собира податоци за електромагнетното зрачење. Агенцијата Тасним заклучува дека се работи за шпионски авион.
Министерството за одбрана на САД не одговори веднаш на барањето за коментар, пишува Ројтерс.