МНР: На унгарската граница имаше застој поради голем број автобуси, нашите ученици го поминале граничниот премин

Од:

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија веднаш по добивање на информацијата за застојот на македонски граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци, извести МНР.

– За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, додаваат од МНР.

Дежурните контакт точки на Министерството за надворешни работи за пријавување на било какви проблеми при патувањата во странство. Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на веб страната на Министерството:

СОС телефон во Министерството: +38975273732

Е-меил: [email protected]

Како и информациите на веб-страната: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/45/dezhurni-broevi-za-itni-situacii

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани