ВМРО-ДПМНЕ: Со уставните измени по примерот во Хрватска, Македонија би била држава на еден народ и на мацинствата, кои живеат во неа

Од:

„Тезите на СДС и ДУИ, дека уставните измени би можело да се направат, по примерот во Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ ги гледа како добро решение. Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве како би изгледал македонскиот устав, ако би се земал хрватскиот модел во предвид:

“Република Македонија се установува (воспоставува) како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци и други кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН”

ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане унитарна држава, само тогаш да се впишат сите малцинства регистрирани согласно последниот попис.

Актуелната преамбула која би се менувала гласи:

“Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи…”

СДС и ДУИ не би требало да имаат против устав на земја членка на ЕУ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ