Седум лица загинаа во судир на обиколницата кај Бад Лангенсалц во централна Германија. Несреќата се случила во саботата вечерта.
Во несреќата учествувале три возила. По верижен судир, два автомобили удриле во ограда и се запалиле. Изгореа шест лица, а загина и едно лице од третиот автомобил. Пожарникарите соопштија дека се повредени три лица.
Во несреќата учествувале три возила: БМВ, Фолксваген и Мерцедес“, велат надлежните за Билд.
Идентитетот на жртвите се уште не е познат. Според првичните информации загинале неколку млади лица.