Шверцери потпалија брод со 30 тони хашиш кај Италија

Од:

Група шверцери на дрога потпалија еден брод натоварен со 30 тони хашиш во близина на бреговите на Италија, откако биле пресретнати од патрола на Крајбрежната стража, соопшти денеска италијанската полиција.

Во соопштението се посочува дека полицијата пред три дена добила дојава дека 85 метри долгиот брод „Голд Стар“ натоварен со хашиш, плови по Средоземното Море.

– Деветте членови на екипажот, државјани на Египет и Сирија, го потпалија бродот и го уништија товарот, а потоа скокнаа во морските води, се додава во соопштението.

Полицијата наведува дека шверцерите набрзо биле уапсени, а дека за гаснењето на пожарот на бродот биле потребни неколку часови.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца кумановци за поседување дрога

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски