ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува по животот на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски

Од:

„Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката од страна на власта. Поминаа 24 часа ниту СДС, ниту Пендаровски се оградија од лицето кое на социјалните мрежи се заканува по животот на лидерот на ВМРО -ДПМНЕ и неговите деца“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму заканувачот е јавен поддржувач на премиерот Ковачевски, а претседателот Пендаровски на тоа лице му подарил и благодарница.

Ниту МВР реагира на ваквите закани кои се израз на страв и немоќ на власта, ниту пак СДС ги осудува ваквите чинови кога во политиката се вмешуваат и малолетни деца.

Директно власта на Ковачевски стои зад ваквите ниски обиди и закани кон опозицијата. Ова е грозоморно водење на политика како обид да се затскријат криминалите на власта. На власта да и е јасно дека нема повлекување и нема отстапување од борбата против криминалот на власта и поразите кои тие и ги носат на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела