Од понеделник Новак Ѓоковиќ најдобар тенисер на светот

Од:

Тоа е тоа, Новак Ѓоковиќ од понеделник повторно ќе биде најдобар тенисер на планетата! На новата АТП листа што ќе излезе, српскиот тенисер ќе има 7.160 поени, додека Карлос Алкараз ќе остане зад него со 6.780! Младиот Шпанец не успеа да остане на првата позиција бидејќи беше елиминиран во полуфиналето во Мајами.

По освојувањето на турнирот во Индијан Велс, тој успеа две недели да остане на врвот, но на Алкараз му требаше да го освои Мајами за да остане пред Новак и во сезоната на земјени терени. Добро му одеше, но сега Италијанецот Јаник Синер го исфрли во полуфиналето со 6:7, 6:4, 6:2.

Што се однесува до останатите играчи, Стефанос Циципас е елиминиран во четвртото коло и остана на 5.700 бодови, Каспер Руде е елиминиран во третото коло и сега е на 5.005 додека Даниил Медведев се врати и ќе го игра неделното финале со Синер и моментално е петти со 4.750 бодови.

Новак во понеделник ќе ја започне својата 381-ва недела на врвот на АТП-листата и таму ќе остане некое време. Следната недела не се игра тенис, а потоа од 10 април почнува Монте Карло каде Ѓоковиќ едвај и дека брани некои бодови. Потоа следува „Србија опен“ во Бања Лука, па Мадрид.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски