Блинкен: Сите американски државјани што поскоро да ја напуштат Русија

Од:

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија.

Во соопштението се наведува и дека им препорачуваат на сите американски државјани кои се во Русија што поскоро да ја напуштат таа земја.

Државниот секретар Ентони Блинкен како причина ја наведе американската загриженост за безбедноста на граѓаните поради денешното апсење на американски новинар во Русија.

Да потсетиме, новинарот на Волстрит журнал, Еван Гершкович, е уапсен во Русија под сомнение за шпионажа, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа