Пукање на колеџ во Северна Каролина, напаѓачите се во бегство

Од:

Оружен инцидент се случи денеска во Северна Каролина во Техничкиот колеџ Форсајт. Полицијата го истражува инцидентот, соопштија властите.

– Во тек е пукање. Полицијата е на терен. Кампусот е затворен. Сите студенти се безбедни, како и наставниците и вработените – соопштија од колеџот.

Полицијата на Винстон-Салем објави на Твитер дека „доби пријава за пукање во главниот кампус на колеџот“.

– Нашите полицајци се на лице место и помагаат. Информациите ќе бидат обезбедени веднаш штом ќе ги имаме. Двајца осомничени машки лица се во бегство и по нив се трага, информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени