Се запали траект со 250 патници и членови на екипажот, а најмалку 30 лица загинаа, додека седум се водат како исчезнати, изјави денеска гувернерот на провинцијата.
Многумина од оние што избегаа скокнаа од траектот во паника од интензитетот на пожарот и беа извлечени од крајбрежната стража, морнарицата, друг траект и локален рибар, изјави гувернерот на провинцијата Базилан, Џим Хатаман, пренесе АП.
#Basilan #Philippines🇵🇭- A fire has erupted onboard the M/V LADY MARY JOY 3 ship at the waters off #BalukBaluk Island in #HadjiMuhtamad, casualties also reported, as Philippine Coast Guard response underway pic.twitter.com/bCKAMx0wTj
— CyclistAnons🚲 (@CyclistAnons) March 30, 2023
Гувернерот додаде дека повеќето од луѓето на МВ Лејди Мери Џој 3 биле спасени во текот на ноќта, но властите дополнително ги проверуваат информациите од различни извори, што укажува дека бројките може да бидат различни.
Меѓу загинатите има и три деца, кои најверојатно се одвоени од нивните родители, а најмалку 23 патници се повредени и пренесени во болници, додаде гувернерот.
Повеќето од жртвите се удавија, а подоцна беа пронајдени на море, соопштија официјални лица.