ИНТЕГРА: Да им се одземат лиценците на телекомуникациските оператори Телеком и А1

Од:

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија смета дека државата мора да стави ред во телекомуникацискиот сектор и на двете главни телекомуникациски компании Македонски телеком (заради судски докажаните коруптивни активности и поткуп на власта и опозицијата – СДС и ДРПНЕ, а со цел задржување и одржување на монополска позиција на пазарот) и еве сега компанијата А1, за судски докажана директна вмешаност во процесот на незаконско прислушување на Македонски граѓани и фирми (процес паралелен или истоветен со аферата за прислушкување од челниците на ВМРО-ДПМНЕ за време на 11-годишно режимско владеење) да им ја одземе лиценцата за работа и на меѓународен тендер да се внесат нови играчи на телекомуникацискиот пазар во Македонија, под строги и транспарентнни критериуми велат од партијата.

– Ако Македонија сака да стане сериозна држава која реално остварува политички суверенитет над целата своја територија во денешните граници, мора да го ослободи пазарот од сите монополи, особено во телекомуникацискиот сектор. Тоа важи и за монополизираниот банкарски сектор, за монополот на Хеленик петролеум и Окта и увозот на нафта и нафтени деривати, потоа за ЕВН и целокупниот енергетскиот сектор и целосно преструктуирање на МЕПСО, рисет во управувањето и одржувањето на системот за пренос на електрична енергија, како и проширување на мрежата за да се овозможи масовен и зголемен по обем влез на големи инвестиции во сегментот на алтернативни извори на енергија. Македонија страда од монополи, нивната суверена и неприкосновена позиција на пазарот изминативе децении, доведе до состојба да генерираат нето профитни износи во стотици милиони евра, средства кои го подјадуваат ионака скромниот буџет на македонскиот работен човек, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристовски: Нема уставни измени под ниеден услов, треба да се забетонира македонскиот национален интерес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ристовски: Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата на својот народ

Горан Наумовски

Ристовски со порака до двајцата кандидати за претседател: Да не се осмелат да чепкаат во Уставот, во македонскиот јазик и во државотворноста на Македонците

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ристовски: Споменот на Делчев мора да го одржиме жив, немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ристовски: Капиталните инвестиции од 700 милиони евра стануваат партнер со народот и бизнисите, ќе им служат ним за буст на творечкиот потенцијал

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

А1он