СДСМ: Рекорден раст на пензиите и замрзнување на цените на основните продукти, грижата за сите продолжува

Од:

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ преку конкретни мерки и политики го штитат и унапредуваат животниот стандард на граѓаните. Цените на основните прехранбени продукти се намалени и замрзнати со цел да се намалат трошоците за храна рече на прес конференција пратеничката од СДСМ Лидија Тасевска.

– Покрај замрзнувањето и намалувањето на цените, истовремено растат платите и пензиите за граѓаните. Веќе се исплаќаат пензиите за месец март зголемени за 8,4 отсто, односно секој пензионер од овој месец ќе добива зголемена пензија за просечно околу 1.500 денари. Веќе во септември согласно методологијата ќе следува ново зголемување на пензиите, што ќе значи дека за само една и пол година од март 2022 до септември 2023 година пензиите на сите 330.000 пензионери ќе се зголемат за вкупно 25 отсто. Тоа е рекордно зголемување на пензиите за толку краток рок вели Тасевска.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство