ВМРО-ДПМНЕ: Хациендата дивоградба го вознемири Груби, дали тој лично стои зад овој нов криминал?!

Од:

„Секој ден излегуваат нови и нови скандали за Артан Груби. Затоа е толку нервозен. Не му помагаат веќе ни киселите насмевки, ни ширењето лаги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најновиот криминал во кој е вмешан Груби е градба на голема куќа без документи во Бутел. Овој објект го гради неговиот братучед, без дозвола, без потребни документи, а тоа е спротивно на закон. Тоа што Груби се вознемирува за фактот што општината ја запрела градбата, отвора сомнеж дека можеби тој стои зад овој нелегален имот.

Залудно е тоа што Артан Груби секогаш кога е фатен во тесно се повикува на етничка припадност и се заканува. Јасно е веќе како ден. Никој веќе не им верува на неговите приказни. Аферата со деловниот простор на неговиот брат, фирмата за баждарење, продажбата на хотелот на Попова шапка, тендерот за надзор вреден 22 милиони евра, а сега и дивоградбата се само мал дел од портфолиото скандали на Груби и редно време е обвинителството да се позанимава посериозно со овој лик“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски