(ВИДЕО) Орландо Блум се сретна со Зеленски: Твојот пораз ќе биде пораз на надежта, затоа мора да победиш

Од:

Актерот и амбасадор на УНИЦЕФ Орландо Блум викендов беше во ненадејна посета на Украина, каде што во Претседателската палата се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

Блум помина три дена патувајќи низ земјата разурната од војна, која сè уште е под опсада на руската армија, како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, организацијата на Обединетите нации која обезбедува меѓународна хуманитарна помош за децата.

За време на патувањето, Блум ги посети Ирпин, Демидов и Киев, каде разговараше со Зеленски во претседателската палата за помош на украинските деца додека трае руската војна.

„Гледањето на децата, гледањето на загриженоста во нивните очи… а сепак силата на украинскиот народ е нешто што навистина предизвикува стравопочит“. Значи, извонредно е да се види како ја држите оваа земја“, му рече Блум на Зеленски.

Блум додаде дека УНИЦЕФ сериозно го разгледува прашањето за исчезнатите украински деца и потребата од згрижувачки семејства наместо групни домови за деца. Тој го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник“.

„Секако, тој што нема да биде спомнат поради тоа стана воен злосторник. И толку е страшно тоа што се случува“, додаде тој.

Пред заминувањето, Блум му подари на Зеленски подарок од неговиот будистички ментор и лична порака од неговата мајка: „Твојот пораз би бил пораз на надежта, затоа мора да победиш“.

Досега 465 украински деца се убиени за време на војната, а уште околу 14.000 се киднапирани и депортирани во Русија, според украинските власти. Само околу 125 од нив се вратени во Украина.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски