ДЗС: Намален бројот на доктори на науки и на магистри во 2022 во споредба со претходната година

Од:

Звање доктор на науки минатата 2022 година стекнале 197 лица, што е намалување за два процента во споредба со 2021 година.

Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), најголем број (31.0 проценти) докторирале во здравството и социјалната заштита, 17.8 отсто во бизнисот, администрацијата и правото, 10.2 отсто во општествените науки, новинарството и информирањето, 9.1 проценти во уметноста и хуманистичките, а останатите области се со помал процент на застапеност.

Лани докторска дисертација одбраниле 99 жени, што е 50.3 проценти од вкупниот број лица што докторирале во 2022 година.

-Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 25.9 отсто, ја вршат својата професија во дејностите на здравствената и социјалната заштита, наведува ДЗС во објавата.

Звање магистер на науки и специјалист, пак, во 2022 година стекнале 1883 лица, од кои 1590 или 84.4 проценти се магистри и 293 или 15.6 проценти се специјалисти. Во споредба со 2021 година, наведува ДЗС, бројот на магистри и специјалисти е намален за 4.7 отсто.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2022 година е 61.3 проценти.

Најголем број од магистерските трудови лани, 611 или 38.4 отсто, биле од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 18.5 проценти се од областа на инженерството, производството и градежништвото. Потоа следуваат општествените науки со 15.1 отсто, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Би можело да ве интересира

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

ДЗС: Поскапеа услугите за транспорт и складирање, но и телекомуникациите

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Трошоците на живот во март бележат зголемување од 2,7 отсто на годишно ниво

Зголемена стапката на морталитетот во Македонија, повеќе умираат мажите