Османи – Џачка: Реална и дофатлива можност за полноправно членство во ЕУ е 2030 година

Од:

Повторно заеднички успешно минуваме низ скрининг процесот, ги спроведуваме внатрешните реформи и одлучно чекориме кон полноправно членство во ЕУ. 2030 е реална и дофатлива можност за Северна Македонија и Албанија успешно да го заокружиме овој процес и јас лично верувам во тоа, нагласи денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговата албанска колешка Ољта Џачка.

На средбата со албанската министерка за Европа и надворешни работи, како што посочи, се согласиле дека споделуваме исти стратешки надворешно политички приоритети.

-Сојузници во НАТО со стопроцентна хармонизација на својата надворешна политика со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, тоа испраќа јасна порака за нашата јасна припадност и посветеност на западните принципи и вредности, рече Османи.

Инфраструктурното поврзување преку Коридрот 8, како што посочи Османи, останува приоритет, за што во тек се подготовките за започнување на автопатската поврзаност.

-Треба да продолжиме со интензивни активности за имплементација на обврските и искористување на придобивките во рамки на регионалните иницијативи, тука пред се мислам на Берлинскиот процес. Економската соработка е успешна, но недоволна, потребна е нашата обврска да им обезбедиме на бизнисите и на граѓаните уште повеќе потенцијали за размена и соработка, потенцира Османи.

Албанската министерка Џачка посочи дека дискутирале за начините како може да се интензивира соработката не само во инфраструктурата, туку и во делот на енергијата, трговската размена, културата, туризамот и образованието.

-Делиме заедничка визија. Нашите влади имаат пријателска и конструктивна комуникација за широк спектар на прашања. Се чувствувам горда што соработката меѓу двете земји е модел за соработка меѓу соседите во нашиот регион. Нашите држави не само што успеваат да ги интензивираат работите на билатерално ниво туку даваат придонес се поголем во регионална смисла, а посебно во гаранцијата на нејзната ориентација кон евроантлантските перспективи, рече Џачка.

Утре, како што информира Османи, ќе има министерски состанок на САД-Јадранската повелба под претседавање на нашата земја каде ќе се разговара за регионалните предизвици, но и за новите состојби во меѓународните односи предизвикани од руската агресија во Украина.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија