Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди долари

Од:

Твитер изгуби повеќе од половина од својата вредност во претходните шест месеци, односно откако Маск ја презеде сопственоста на компанијата. Маск во меморандум до вработените предложи дека Twitter сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, што е значително помалку од 44 милијарди долари што Маск ги плати за купување на Twitter минатиот октомври, пишува Гардијан.

Голема девалвација на вредноста на компанијата следеше по турбулентното преземање на Маск. Неколку големи огласувачи ја напуштија платформата, а главниот извор на средства за купување на компанијата од страна на Маск, инвестициската фирма Фиделити, ја намали вредноста на својот удел за 56%.

Во писмото, Маск, исто така, посочи дека на компанијата била на само четири месеци да остане без пари, пред да им подели низа отпуштања на високи кадри. Според бројките што ги претстави Маск во декември, бројот на вработени е намален од околу 7.500 на околу 2.000 вработени.

„Гледам јасен, но тежок пат до вреднување (од) повеќе од 250 милијарди долари“, рече Маск, што би значело десеткратно зголемување на вредноста на акциите.

Би можело да ве интересира

На Twitter не работи речиси ништо

Ана Ололовска

Твитер продолжува да отпушта вработени

Ана Ололовска

Маск: Ќе ја напуштам функцијата шеф на Твитер штом најдам некој доволно глупав за оваа работа

Ана Ололовска

Илон Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Ана Ололовска

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска

Маск го врати профилот на Трамп на Твитер

Ана Ололовска