Јагуар објави први фотографии од својот концепт модел Ц-Х17 што ќе биде официјално претставен идната недела на Саемот на автомобили во Франкфурт.
Според фотографиите на прадениот дел од возилото може да се забележи актуелниот дизајнерски правец што Јагуар го примени кај најновите модели, додека висината на возилото покажува дека станува збор за кросовер концепт.
Ц-Х17 го карактеризира голема маска на ладилникот и големи отвори за воздух на предниот дел. Според првичните фотографии возилото поседува спојлер над петтаа врата и заедни светла во стилот на Ф-Тајп.
Се очекува серискиот модел да биде врз платформата ПЛА, на која се базираат БМВ 3 и Јагуар ХС. Официјалната премиера ќе биде на 9 септември.