Хаос на протестите во Франција: Демонстрант и полицаец во критична состојба, повеќе од 30 лица се повредени

Од:

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жерал Дарманин, изјави дека во денешните судири во селото Сен-Солен на југозападот на Франција, еден демонстрант и еден полицаец се тешко повредени, а тие се во критична состојба, додека повеќе од 30 луѓе беа повредени.

Според министерот Дарманин, двајца тешко повредени се пренесени со хеликоптер во блиската болница, пренесе АП.

Во судирите полесно се повредени 23 полицајци и шест демонстранти, додаде тој.

Некои демонстранти биле вооружени со мачети, секири и молотови коктели, тврди Дарманин.

Организаторите на протестот соопштија дека биле повредени околу 200 демонстранти, а 40 од нив имале длабоки рани, наводно од полициски проектили.

Полицијата се судри со стотици еколошки активисти кои протестираа поради изградбата на голем резервоар за вода во областа.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо