Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од институциите и нивниот игнорантски, незаинтересиран однос кон студентите кој континуирано се зголемува низ годините а особено изминативе месеци.Ги потсетуваме одговорните и надлежните дека ние немаме намера да се откажеме се до целосно исполнување на нашите барања се вели во објавата на Студентски отпор.
Тие објавија повеќе барања.
– Барање за средба со министерот за образование и претставници од Студентски отпор, како и вклучување на наши претставници во работните тела; Изедначување на стипендиите (ретроактивна исплата и нов анекс на договорите); Покачување на дневниот износ на субвенционираниот студентски оброк согласно инфлацијата на 160денари; Дигитализација и укинување на т.н. „скриени трошоци“ на факултетите; Бесплатен/субвенциониран меѓуградски превоз за студентите; Прецизни рокови за започнувањето и реализацијата на најавената реконструкција на студентските домови; Стипендирање на студентите на втор циклус студии, Модернизирање на лабораториите на природните и техничките факултети Прецизни рокови за започнување и реализација на изградбата на зградите на ФИНКИ и ДИФ, се наведува во соопштението од движењето.
Од Студентски отпор ги повикуваат сите студенти да им се приклучат во борбата и напоменуваат дека за остварување на барањата ќе ги користат сите расположливи механизми и средства.