ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша истиот проект за пречистителна поради кој го разреши Перински, и го клеветеше Мицкоски

Од:

Вчера на потпишувањето на грантот од ЕИБ, за изградба на пречистителната станица во Скопје, паднаа маските и сите лаги, кои беа упатени кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Златко Перински, во тој момент директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со изјавата на потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова, дека биле исполнети сите планови и процедури во постапката и дека се било во ред, се потврди дека Данела Арсовска и СДС пред 6 месеци се обидоа, да ги изманипулираат скопјани, за некакви криминали и медови околу пречистителната станица во Скопје. Знаеме дека Арсовска црвенеејќи присувствувала на вчерашниот настан, за проект кој прво се обиде да го урне, од само за нејзе познати цели, а во исто време да слуша во живо како ја демантираат директно од ЕИБ и со лажна насмевка истото да го проследи. Но, на лагата и се кратки нозете. Доблесно е во најмала рака, Арсовска и СДС, да најдат сили и да се извинат пред јавноста за лагите и манипулациите со кои се служеа. Арсовска позната по синтагмата “Лажи, лажи Дано”, треба во најмала рака да се извии заедно со СДС за лагите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и директорот Перински.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ