Владата на утрешнита седница ќе ги замрзне цените на оризот и на јајцата, а ќе го ограничи и изворот на јајца со цел да ги заштити потрошувачите во пресрет на големите празници Велигден и на Рамазан Бајрам во април.
Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата, но не со денешната цена туку од некој од претходните денови во месец март.
За брашното и шеќерот ќе нема интервенции зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.
Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот, а поскапување поради претстојните празници нема да се дозволи.
– Најевтини сме со цени на јајцата во регионот. Зголемување на цените поради Велигден или Рамазан Бајрам нема да дозволиме. нема да има и недостаток од овој производ нема да има.
Моментално се зголемува извозот на јајца во регионот, но ние не смееме да носиме забрани за извоз што е спротивно на договорите со ЦЕФТА. Но, за да ги зачуваме постоечките цени, ние утре нема само да носиме одлука за замрзнувањето на цени. Ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извоз, односно ќе се ограничи извозот на јајцата – порача Бектеши.
Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.
Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.