Украина: И Хитлер го посети Мариупол, таму сфати дека војната е загубена

Од:

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на Твитер ја спореди посетата на Путин на окупираниот Мариупол со Хитлеровата посета. „Друг диктатор го посети Мариупол. Знаеме како заврши неговата приказна. Многу историчари и современици тврдат дека токму тука Хитлер за првпат сфатил дека војната е изгубена“, изјави Герашченко.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска беше во непланирана посета на Мариупол и тоа ќе биде прво патување на лидерот на Кремљ на териториите на украинската област Донецк под руската окупација од почетокот на војната. Посетата дојде откако Путин вчера ненајавено патуваше на Крим по повод одбележувањето на деветгодишнината од руската анексија на полуостровот и само два дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување