Чамец со четири лица се превртел во Дунав на километар од Панчевачкиот мост синоќа околу 22:30 часот, јавуват српските медиуми.
Од Дунав исплива само еден патник од чамецот кој повикал полиција во 23:30 часот. Останатите три лица се водат како исчезнати, а полицијата од синоќа трага по Дунав. Како што дознава Блиц, чамецот се превртел под засега неразјаснети околности.
Докторот Александар Чукановиќ за РТС изјави дека добиле информација дека на релација Ада Хуја до Земун се превртел чамец.
„На лице место затекнавме едно машко лице, кое било во изнемоштена состојба. успеал да исплива од Дунав. Пружена е помош и пренесен е на лекување“, посочи тој.