Многу силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу вториот по големина град во Еквадор. Најмалку 12 лица загинаа, зградите се оштетени, а жителите во паника излегува на улиците.
#SISMO
Momento exacto cuando se produce el fuerte #temblor en la Plaza de San Francisco en #Guayaquil pic.twitter.com/b7HNnz1Lq1— Zoom Ec (@ZoomEcuador) March 18, 2023
Земјотресот го погоди крајбрежната област Гуајас, а епицентарот беше на околу 80 километри јужно од Гвајакил, град со повеќе од три милиони жители. Властите соопштија дека земјотресот најверојатно нема да предизвика цунами.