ВИДЕО: Уште еден фаворит за победа на Евровизија

Од:

Ерменската претставничка на овогодинешната Евровизија, пејачката Brunette, пред два дена ја објави песната Future Lover, со која ќе се натпреварува во Ливерпул, а песната веќе собра повеќе од милион прегледи на официјалниот YouTube канал на Евровизија.

„Победник“, „Оваа песна ми ја допре душата“, „Моќна работа. Ќе заврши високо“, „Фантастична“, „Ерменија сервира квалитет“, се само дел од коментарите на воодушевените фанови.

Brunette е популарна и на Инстаграм, каде ја следат 280.000 луѓе.

21-годишната пејачка, чие вистинско име е Елен Јеремјан, пее од својата четиригодишна возраст, а пред шест години почна да пишува текстови за своите песни.

„Многу сум среќна што можам да го споделам ова со вас. Самата создавам музика, а овој пат ќе ја споделам со европска публика“, напиша Елен на социјалните мрежи.

На 18-годишна возраст, Елен го издаде својот деби-сингл Love the Way You Feel. Минатата година ги објави песните Gisher, Smoke Break и Bac kapuyt achqerd.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија