Ужасен случај во Србија: Мачеле, силувале и ограбиле 68-годишна жена

Од:

Двајца мажи се осомничени дека упаднале во куќа на 68-годишна жена во Србија и извршиле страшни злосторства. Прво ја мачеле, потоа ја силувале и на крајот ја ограбиле. Нова.рс пишува дека и двајцата синови на силуваната повозрасна жена починале, едниот пред две години, а другиот пред пет години. Жената имала тешки моменти во животот, а насилниците тоа го знаеле, велат соседите.

Инцидентот се случил во околината на Зрењанин. Љуба Н.(32) и неговиот малолетен пријател (17) се осомничени дека пред два дена упаднале во семејната куќа на С.К.(68) и ја мачеле, силувале и ограбиле жртвата.

“И двајцата синови ѝ умреа, едниот пред неполни две години, а другиот пред пет години. Таа страдаше, ова е страшно што и се случи. Се се случи пред два дена. Тие дошле во нејзината куќа со автомобил, по што двајца влегле внатре, а другите двајца останале во возилото. Тие упаднале во нејзината куќа, а потоа ја мачеле и малтретирале, а на крајот кога се онесвестила од тортурата, ја силувале и ограбиле“, сведочат соседите за српските медиуми.

„Кога жената се освестила едвај отишла кај првите соседи по помош. Тие пријавиле се во полиција, која набрзо уапсила двајца мажи од истото место, а се трага по уште двајца“, додал изворот.

Полицијата се сомнева дека мажите ја демнеле 68-годишната пред нападот и дека биле свесни дека живее сама. Ним им е одредена мерка притвор од 48 часа.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија