Малинковска: Самоволие и незаконско однесување на директорка во детска градинка во Битола именувана од министерката Тренчевска

Од:

Чувствуваме потреба пред да се случат сериозни последици да ги предупредиме Владата и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, да стават крај на однесувањето на нивната штитеничка Лидија Тфирст Митревска, директор на јавната општинска установа, детска градинка „Естреја Овадија Мара“ во Битола рече на прес конференција Лидија Малинковска од ВМРО-ДПМНЕ.

– По назначувањето директорката тргнува во контраофанзива против сите вработени за кои мисли дека се против неа и против нејзината партија Социјалдемократскиот сојуз, злоупотребувајќи ја својата партиска моќ и блискост со министерката Тренчевска, лечејќи ги своите лични и партиски фрустрации, секојдневно врши мобинг и реваншизам врз вработените. Вработените се обидуваат да се заштитат преку синдикалната организација, но и самиот Синдикат е подложен на притисоци и закани.Како круна на своеволното и незаконито однесување таа спротивно на Хасап стандардите, ги присилува дел од вработените кои работат во кујна, во ист ден да извршуваат работни задачи во кујна и да чистат тоалети со истата облека, со што директно се загрозува здравјето на децата, рече Малинковска.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела