(ВИДЕО) Стојаноски: ФИТР дава 65.000 евра грант на „Електра Солушн“, еден ден откако добива лиценца

Од:

„Артан Груби и Димитар Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги. Фамозната „Електра Солушн“, која според власта првин беше локален партнер стана главен столб на проект со 8,3 милиони за неа од вкупно 22 милионскиот тендер. „Електра Солушн“ не само што нема искуство, бидејќи е фирма за производство на долна облека која во последен момент се префрла во градежништво, туку и за лиценцата за надзор поднесува 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а ја добива 5 дена потоа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Брзината со која „Електра Солушн“ се вклопува во новиот бизнис и станува миленик на власта не застанува тука. Имено, еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“.

„Електра Солушн“ од фирма која нема никакво искуство од надзор, станува преку ноќ експерт и од фирма за производство на долна облека наплатува 65.000 евра за наводна иновација на програма, која очигледно ќе ја користат при надзорот.

Ковачевски и Груби не само што проектот за надзор го дале на фирма која нема никакво искуство при надзор, не само што истата преку ноќ вади лиценца, туку и со буџетски пари наплаќа алатка за надзор.

Јавното обвинителство не смее да остане пасивно. Власта првин тврдеше дека надзорот ќе го вршат странски експерти, а домашните се само локална помош, за на крај да се испостави дека главен играч околу кој се врти целиот тендер е фирма која произведувала долна облека, а за лиценца за надзор поднесува барање дури откако се распишува огласот за поднесување на понуди за надзорот на Коридорите 8 и 10Д, за ден потоа да добие и грант“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски