Пратеникот Рушити поднесе оставка

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја констатираше оставката на пратеникот Сурија Рушити од Алијанса на Албанците кој е именуван за директор на АД МЕПСО. Денешната 106. седница ќе продолжи во 14 часот во очекување на извештајот од ДИК за тоа кој пратеник ќе дојде на местото на Рушити.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на седницата исто така кажа дека од дневниот ред е повлечена и одлуката за испраќање наши војници во мисијата во Либан.

На оваа нова собраниска седница има предложени повеќе точки, а меѓу нив е и Законот за здравствено осигурување со чии што измени ќе се овозможи решавање на проблемот со набавка на лекот „трикафта“ за лицата болни од цистрична фиброза.

Исто така, Собранието треба да расправа за избор на уште една уставна судијка Елизабета Дуковска, а на дневен ред е и законот за амнестија за лицата од настаните на 27 април во Собранието.

Претходно денеска на прес-конференција пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе бара повлекување на Законот за игри на среќа и Законот за лекови и за медицински средства од дневниот ред на седницата.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи