МОН префрли пари, но студентите не се откажуваат од протестот: „Не може пари за оброк да добиваме на крајот од месецот“

Од:

И покрај тоа што Министерството за образование денес им ги исплати стипендиите и парите за студентски оброк, движењето Студентски отпор нема да го менува ставот и ќе го одржи најавениот заеднички протест со средношколците во петок од 12.30 часот пред МОН.

Учениците кои го оствариле ова право во учебната 2022-2023 година, на своите сметки добија седум месечни стипендии, додека на студентите им се префрлени шест месечни стипендии, а исплатени се средствата по основ на субвенциониран студентски оброк на над 29 илјади студенти кои го имаат остварено правото во некој од изминатите месеци, соопшти МОН.

Милица Давчева од Студентски отпор за „А1он“ рече дека протестот и покрај ова ќе се одржи затоа што се повторува праксата да се исплаќаат парите за оброк на средина или на крај на месецот за разлика од ветувањата од Владата дека оброкот ќе се добива на секој први од месецот.

– МОН преку континуираната негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права. Не може да доцнат толку стипендиите и средствата за субвенциониран оброк да ги добиваме на крај на месецот, наместо на први. Стипендиите стигнаа со шестмесечно задоцнување, а ништо од ветувањето дека оние што ќе го продолжат договорот за стипендирање ќе добијат 6.000 денари наместо 3.000 денари. Нема ништо ниту од реконструкцијата на студентските домови, а се заташка и случајот со труењето на студентите во „Пелагонија“ – рече Давчева од Студентски отпор.

Би можело да ве интересира

Во Буенос Аирес протести против мерките за штедење

Низ цела Франција се најавени собири, на кои се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

ВИДЕО: Брутална акција на француската полиција, апси секој што блокира, нападнати се и новинари

(ВИДЕО) Хаос во Франција: Започнаа големи протести, полицијата уапси над 200 учесници

ВИДЕО: Полицијата ги спречи демонстрантите да влезат во Филозофскиот факултет во Нови Сад

Предраг Петровиќ