Многу необично дезертерство: Тајвански војник избега во Кина

Од:

Тајванскиот војник кој исчезна минатата недела од остров во близина на кинескиот брег е пронајден во континентална Кина, изјави во понеделникот министерот за прашања на тајванскиот совет за копното, Чиу Таи-сан, зголемувајќи ја можноста за крајно невообичаено дезертирање во услови на зголемени тензии низ Тајванскиот теснец.

Чиу рече дека Кина го известила Тајван дека војникот, по име Чен, моментално се наоѓа во Кина. Чен бил пријавен за исчезнат на островот Ердан по прозивка, соопшти во четвртокот тајванското Министерство за одбрана, додавајќи дека формирало специјален тим за пребарување, објави Си-Ен-Ен.

Ердан, дел од островот Кинмен контролиран од Тајпеј, се наоѓа на помалку од пет километри од кинеското пристаниште Ксиамен во југоисточната провинција Фуџијан. Си-Ен-Ен укажува дека во последниве години, Пекинг го зголемил дипломатскиот, воениот и економскиот притисок врз самоуправниот остров Тајван, за кој тврди дека е свој.

Иако дезертирањата меѓу двете страни беа ретки во последните години, тоа порано беше вообичаена појава, наведува порталот и додава дека на дезертерите од двете страни се гледаат како на пропагандни победи.

Поранешниот тајвански министер за одбрана во 2002 година изјави дека од 1949-1989 г. имало 20 случаи на дезертирање во Кина. Во 1981 година, Кина му плати награда од 370.000 долари на тајвански мајор кој пребегнал на копното со извидувачки авион од американско производство.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени