Пратениците ја завршија расправата по годишниот извештај на Народниот правобранител, седницата продолжува в среда

Од:

Пратениците во рамки на 71 седница, денеска попладне ја завршија расправата по годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2021 година.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски информира дека листата на пријавени за збор е исцрпена и дека за гласањето по извештајот дополнително ќе информираат, а дека седницата продолжува во среда.

Претходно, Народниот правобранител Насер Зибери во обраќањето на седницата апелираше до пратениците, Годишниот извештај заедно со предлог-мерките кои што ги утврдува Собранието на пленарна седница да се разгледаат во пооптимален рок.

Тој појасни дека набргу ќе дојде и Извештајот за 2022 година и за тоа расправата за 2022 година ќе станат стари, а мерките кои што согласно Законот за народниот правобранител ги утврдува Собранието и ги доставува до Владата за надлежно постапување, стануваат несоодветни заради заостанато време за кое што се разгледува.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски