Вучиќ денеска и утре со Лајчак: Пред средбата во Охрид ќе кажам што мислам

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска и утре ќе разговара со специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Како што рече Вучиќ, во среда или четврток пред неговото патување во Охрид, ќе изнесе повеќе информации за тоа како гледа на ситуацијата во врска со Косово и Метохија и што треба да се направи.

„Не сакам многу да зборувам пред средбата, денеска и утре ќе бидам со него и ќе се трудам да работам, не за тоа што ќе сонуваме, туку што можеме, рече Вучиќ во Добановци на новинарско прашање за европскиот договор, посетата на Лајчак на Приштина и Белград, како и очекувањата од претстојната средба во Охрид, бриселскиот договор и ЗСО.

Тој додаде дека не гледа поента ако некој не сака ни да разговара за ЗСО. „Ако некој не сака ни да разговара, а камоли да го спроведе ЗСО, не гледам поента да кажам ништо повеќе од тоа, денеска и утре ќе разговарам со Лајчак, а во среда или четврток, пред патувањето за Охрид. , ќе кажам како гледам се, што мислам за се и што треба да направиме во наредниот период“, изјави Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он