Таксистите бараат Град Скопје да го реши хаосот со такси превозот

Од:

Групацијата на скопските такси превозници соопшти дека денеска упатила барање до Град Скопје за решавање на проблемите со такси превозот, преку кое, според нив, граѓаните ќе добијат делумно почист воздух и делумно намалување на сообраќајниот метеж во градот, како и околу 1.200 до 1.500 нови вработувања.

Тие бараат решение за проблемите со жолтите таблички поради коишто возачите не можат да ги обноват возилата, решавање на проблемите со возачите без лиценци, без фискални таксиметри, со диво наштелувани фискални сметки и таксиметри, непријавените такси возачи, задолжителните обележја и не совпаѓањето на лиценците со возилата.

– Сето ова преставува нелојална конкуренција, сива економија, ја доведува во прашање безбедноста на патниците и другите учесници во сообраќајот, го зголемува метежот во сообраќајот, го зголемува загадувањето во градот и создаваат лоша претстава за такси дејноста во Градот Скопје, се наведува во соопштението.

Како организатор на такси дејноста, од Градот Скопје бараат да го среди хаосот во авто такси превозот, да се заложи за поголема безбедност на граѓаните кои користат авто такси превоз и да ја доведе такси дејноста, како што се вели во соопштението, на едно пристојно ниво преку постоечките закони, одлуки и соодветни прописи кои само треба да се спроведуваат.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања