Пригожин: Ќе се кандидирам за претседател на Украина

Од:

Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин денеска изјави дека има намера да се кандидира за претседател на Украина во 2024 година. „Гледајќи сè околу мене, имам политички амбиции. Решив да се кандидирам за претседател во 2024 година. За претседател на Украина“, рече Пригожин во видеото објавено на Телеграм.

Тој додаде дека очекува да се натпреварува за оваа позиција со поранешниот претседател Петро Порошенко и актуелниот претседател Володимир Зеленски. „Ако победам на претседателските избори во Украина, момци, тогаш сè ќе биде во ред, гранати нема да бидат потребни“, рече тој.

Одговори и на прашањето зошто се жали на малата понуда на муниција и не ја купува сам. Пригожин истакна дека ако купи сè со свои пари, тоа ќе биде „државен менаџмент, а не бизнис“. Според него, на Вагнер му требаат околу 10.000 тони муниција во вредност од околу една милијарда долари секој месец.

Зборувајќи за човечките загуби, Пригожин нагласи дека „борците во војна умираат во секој случај, војната е измислена за една војска да убива друга“. Тој ги негираше обвинувањата дека бил во дослух со украинските власти и дека „поради пари и укинувањето на санкциите“ ќе ја напушти борбената зона „во вистински момент“.

„Не одам никаде. Прашањето е: кој ги зеде парите кога „направивме гест на добра волја“ и ги предадовме Херсон, регионот Харков и многу други (територии)?“, праша тој, алудирајќи на руските воени команданти. Во посебна изјава, Пригожин објави дека се отворени центри за регрутирање во Вагнер во 42 руски градови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимен моментот кога ракетите ATACMS паѓаа на сред плажа на Крим

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

ВИДЕО: Силен удар на Крим, убиени две деца

Предраг Петровиќ

Украинци мислеле дека бегаат од земјата, па биле регрутирани „на измама“

Предраг Петровиќ

Во соседтвото никнува најголемата НАТО база во Европа

ВИДЕО: Русија рано утринава нападна, снимени руски ракети кои летаат кон Киев