Истрага за тешка сообраќајна несреќа кај клучката Стенковец

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

– На 7 март, осомничениот управувал товарно возило „Мерцедес“, по средната сообраќајна лента од автопатот Мајка Тереза, во близина на клучката Стенковец, не се придржувал кон прописите, го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Тој не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навреме да запре. Со предниот десен дел од возилото со кое управувал удрил во левиот страничен дел на товарно возило „МАН“ со кумановски регистарски ознаки кое било запрено на десната сообраќајна лента наменета за принудно запирање поради дефект, велат од Обвинителството.

„По ударот, запреното возило се придвижило нанапред и удрило во телото на едно оштетено лице кое стоело меѓу кабината и товарниот сандак и изведувало механичарски работи над товарното возило „МАН“.

Од ударот оштетениот добил тешки телесни повреди и починал на лице место, а со телесни повреди се здобил и шоферот на запрениот камион и уште едно лице кое стоело во близина.

По несреќата, осомничениот веднаш го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор спрема осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците или да го повтори делото“, се додава во соопштението на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски