Чуден дожд во Пекинг: Кога граѓаните виделе што паѓа, им се „превртел“ стомакот

Од:

Збунетите жители на Пекинг се предупредени да користат чадори откако во главниот град на Кина почна да врне необичен дожд. Во последните денови, снимката стана вирална на социјалните мрежи на која се гледа „дожд од црви“ на улиците на главниот град, со лигави бубачки кои ги покриваат автомобилите.

Ел Хералдо објави дека жителите на Пекинг биле советувани да ги напуштат своите домови само со чадори.

На снимките од вестите, жителите може да се видат како ја извршуваат својата секојдневна работа со подигнати чадори за да не бидат погодени од црвите што паѓаат.

И додека кинеските власти допрва треба да ја откријат причината зад овој чуден феномен, теориите почнаа да се појавуваат на интернет.

Некои сугерираат дека тоа би можело да се цветови од топола, многу популарно дрво во областа што е полно со семиња и, кога цветовите паѓаат, често се мешаат со гасеници.

Друга теорија сугерираше дека црвите почнале да паѓаат откако биле однесени од силни ветрови, теорија поддржана од научното списание Mother Nature Network, кое објаснува дека овој вид на животински инцидент се случува по бура.

„Крајот на светот е се поблиску“, вели еден корисник на Твитер.

Во 2011 година сличен феномен се случи и во Шкотска. Наставникот по физичко образование, Дејвид Крајтон, ги водел учениците кога слушнале „туп“, а потоа погледнале нагоре за да видат десетици црви како паѓаат од небото.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

Нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето

Горан Наумовски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина