ВМРО-ДПМНЕ: Полицијата на Спасовски не ги гони нарко-картелите, затоа се случуваат убиства дури тој прави статистички гимнастики

Од:

Власта на СДС и ДУИ дозволи нарко мафијата да владее по улиците. Структури во полицијата на Спасовски стана нивен заштитник. Акциите беа пробивани, а лицата кои евентуално беа откривани беа експресно ослободувани велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Последица на ваквиот раст на криминалот се убиствата како ова кое се случи завчера. Ваквите гангстерски пресметки на кланови станаа секојдневие. Безбедноста на граѓаните е доведена во прашање. Во држава во која мафијата е во коалиција со власта животот на секој човек е загрозен. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да си поднесе оставка? Неговите статистички гимнастики веќе не му поминуваат ниту во штабовите на СДС. Едноставно е, ако полицијата не гони криминалци, на хартија криминалитетот ќе опаѓа, а во реалноста бандите ќе владеат со државата. Беззаконието од времето на транзицијата се врати на голема врата. Прашањето е каква политичка или лична корист имаат функционерите од власта кои тоа го дозволуваат се наведува во соопптението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски