На украинскиот војник наводно му пресудила неонацистичката група, дел од Вагнер предводена од озлогласниот „Србин“

Од:

Не стивнуваат реакциите околу објавената снимка од ладнокрвното убиство на украински воен заробеник. Во последните моменти од животот беше со цигара во уста и рече „Слава на Украина“.

Снимката беше објавена во понеделникот. Не се знаеше кој ја направил, ниту каде и кога. Исто така, не беше познат идентитетот на убиениот Украинец. Во меѓувреме, украинските медиуми објавија дека се работи за 40-годишниот Тимофиј Шадура, а како што истакнуваат, го препознала неговата сестра.

Наведено е и дека тој е ликвидиран во близина на градот Вуледар, во областа Донецк.

Според последните информации, Мајкл Колборн, член на влијателната истражувачка медиумска група „Белингкат“, во својата објава на Твитер вели дека неонацистичката единица „Русич“ која се бори како дел од платеничката група „Вагнер“ во Украина , била меѓу оние кои го споделија видеото од егзекуцијата.

Групата на својот канал Телеграм го објави видеото покрај кое пишува „Конечно нормална реакција“, пренесува Јутарњи лист.

Коосновач и командант на оваа група во рамките на „Вагнер“ е Алексеј Милчаков, 31-годишник со прекар „Србин“.

Неговата биографија е „хорор приказна“. Тој е осомничен за воени злосторства и е санкциониран од САД, ЕУ, Велика Британија, Канада и други земји од 2022 година. Тој е поврзан со злосторства во Сирија и Украина. На социјалните мрежи кружи фотографија од него со тетоважа на подлактицата „Косово е Србија“, пренесува Klix.ba.

За прв пат во јавноста се појави во 2011 година кога се сними како мачи и обезглавува кученце. Потоа ја објави таа снимка на Интернет. На својата страница VK (руска социјална мрежа) тој повика на убивање бездомници, кученца и деца.

Отворено се фалеше дека фотографирал тела на осакатени и изгорени Украинци, а познат е и по тоа што им ги сече ушите на украинските трупови и им резбаше кукасти крстови на лицата.

Пред да замине да се бори во Донбас во 2014 година, Милчаков на својата ВК страница објави содржина со која го слави Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск