ВИДЕО: Претставникот на Србија на Евровизија, Лук Блек објави: „Јас сум геј“

Од:

Лука Ивановиќ, односно Лук Блек, се огласи на социјалната мрежа објавувајќи видео со својата пријателка кое брзо стана вирално.

Српскиот претставнк на Евровизија оваа година сними видео со јутјуберката Леа Станковиќ, што предизвика многу коментари.

„Кога читаме коментари со омраза дека сум геј“, пишува во описот на видеото, на кое се гледа како двајцата се приближуваат да се бакнат, па тој на англиски кажува:

„Јас сум геј”.

Лук Блек победи на натпреварот „Песна на Евровизија“, а доби можност да ја претставува Србија овој мај во Ливерпул со неговата песна „Само ми се спава“.

@lukeblack.official @Lea Stankovic 🤣 #lukeblack #leastankovic #pze23 #samomisespava #eurovision #srbija ♬ original sound – Luke Black

Овој млад човек привлече големо внимание кај луѓето ширум Србија, но сепак малкумина знаат кој е тој. Лука се занимава со авторска музика од 2005 година, а на 12 години почнал да пишува текстови, а четири години подоцна да компонира музика и да пишува аранжмани.

Вниманието го привлекува и со својот изглед и се труди на своите песни да им даде поинаков, како што вели, автентичен изглед.

Би можело да ве интересира

Британија: Разочарани сме што на Зеленски не му е дозволено да зборува на Евровизија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уште еден фаворит за победа на Евровизија

Предраг Петровиќ

Лорин повторно ќе ја претставува Шведска на Евровизија

ВИДЕО: Фаворитот победи, ќе ја претставува Италија на Евровизија

Предраг Петровиќ