Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ“, за кој Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог на 17 февруари.
Според обвинителството, обвинетиот се товари дека преку неговиот веб порталот сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против Маријн Стаменковски од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот. Пријавите се од две новинарки и еден владика.
Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а судењето е насрочено во 10 часот во судница десет.