Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсто во Индијан Велс. Тој не може да игра на овој туринир бидејќи во САД и натаму е на сила регулативата кој не дозволува странци, невакцинирани против Ковид-19 да влегуваат во земјата. Ѓоковиќ побара, но не доби специјална дозвола за влез. Со тоа нема да може да настапи на Мастерсот од кој има пет титули.
World No.1 Novak Djokovic has withdrawn from the 2023 BNP Paribas Open.
With his withdrawal, Nikoloz Basilashvili moves into the field.#TennisParadise pic.twitter.com/wUcBn5upc7
— BNP Paribas Open (@BNPPARIBASOPEN) March 6, 2023
Извесно е дека првиот светски рекет тешко ќе може да игра и на турнирот во Мајами со оглед дека откако Американската државна безбедност не му издаде специјална дозвола, сега одлука може да донесе само претседателот Џо Бајден, но шансите за тоа се мали.