59-годишниот Јане Петков од Сандански во Бугарија во вторник во Охридското езеро ќе изведе необичен и уникатен спортско-медицински подвиг.
Јанев кој важи за човек амфибија, ќе се обиде да плива повеќе од 3 километри во Охридското езеро целосно врзан за вреќа.
Овој медицински феномен со вредности на хемоглобин во крвта под нормалните вредности, користи посебна техника на движење и концентрација за да ја оствари својата цел.
Настанот кој е во организација на општина Охрид, Црвен крст и Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ ќе се случува во вторник.