Германија замрзна околу 5,25 милијарди евра имот на руските олигарси

Од:

Германија замрзнала околу 5,25 милијарди евра имот на санкционирани олигарси од почетокот на рускиот напад врз Украина, соопшти германското Министерство за финансии.

Пред шест месеци таа бројка беше 4,28 милијарди евра, објави Ројтерс. Оваа информација Министерството ја соопшти како одговор на барањето на германскиот пратеник Кристијан Герке.

„Од декември, имотот на олигарсите во вредност од само 200 милиони евра е замрзнат, а за половина година само 1 милијарда“, рече Герке.

Според германскиот закон за санкции, оние кои подлежат на санкции од ЕУ мора веднаш да го пријават својот имот, под закана со парична казна или до една година затвор. Досега осум олигарси го пријавиле својот имот вреден 577 милиони евра во Бундесбанката, покажуваат владините податоци.

Би можело да ве интересира

Суд во Њујорк одобри конфискација на имотот на рускиот олигарх Малофеев

Ана Ололовска

Уапсен богат руски бизнисмен осомничен за перење пари

„Скен“: Мистериозна смрт, убиени жени и деца, самоубиства – 10 руски тајкуни починаа годинава

Анита Петровска Рајковиќ