(ВИДЕО) Николовски: 70 милиони денари за поддршка за зголемена енергетска ефикасност на домаќинствата

Од:

Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со реализација на мерките и политики што обезбедуваат зголемена енергетска ефикасност и поддршка за секое домаќинстви. Партнерскиот пристап во водењето на енергетските политики, од граѓаните за граѓаните е клучна вредност врз основа на која преку заедништво си помагаме да излеземе посилни од кризата, енергетски независни. Во 2023 година продолжува финансиската поддршка за домаќинствата за фотонапонски панели, сончеви термални колекторски системи, како и замена на ПВЦ или алуминиумски прозорци, изјави Дарио Николовски, член на Централен одбор на СДСМ.

– Преку овие инвестиции во обновливи извори, се овозможува граѓаните да ги задоволат потребите за струја, но и да имаат заштеда во време на криза. За сите три мерки се предвидени вкупно 70 милиони денари или 1,15 милиони евра и ќе се користат за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, во вкупен износ од 15 милиони денари;

За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 %, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство во вкупен износ од 25 милиони денари. За надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 80.000 денари по домаќинство во вкупен износ од 30 милиони денари.

Огласите за сите три мерки ќе бидат објавени до крајот на март. Ги повикуваме сите кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на време. Ова се пари директно насочени кон граѓаните, а не за жални врби и рајски паркови кои со парите на граѓаните сакаше Христијан Мицковски да ги гради. Политиките на сдсм прават разлика- наместо во рајски градини, директно кон граѓаните. Покрај инвестициите во домашните капацитети за производство на струја и зголемување на енергетската независнот, Владата предводена од СДСМ им помага и на домќинствата да направат енергетска трансформација и на тој начин да заштедат на сметките за електрична енергија. Како одговорна партија продолжуваме со грижа за сите граѓани – рече Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ