Хаг за прв пат ги објави имињата на жртвите на Тачи

Од:

Обвинителството за злосторства на ОВК со седиште во Хаг го обелодени делот од обвинението против Хашим Тачи и тројца негови соработници, во кое се наведени имињата на жртвите. Станува збор за луѓе кои беа убиени од март 1998 до септември 1999 година, а телата на многумина никогаш не беа пронајдени. Досега нивниот идентитет беше класифициран како таен, а ова е првпат јавноста да знае за кои злосторства ќе одговара командата на терористичката ОВК.

Жртвите на Тачи се лица од српска и од албанска националност, а се убиени на повеќе локации на Косово, како и на северот на Албанија. Според јавен документ, Тачи и останатите се обвинети за убиството на српските полицајци Вељко Марковиќ и Небојша Ѓуричиќ, кои беа одведени во притвор кај Клечек и ликвидирани. Во истиот затвор беа убиени и припадниците на Југословенската армија Бојан Цветковиќ, Драгољуб Танасковиќ, Живота Тодоровиќ и Драган Вучетиќ. Цветко Пелевиќ и Панта Грковиќ беа изнесени од нивните куќи во Ораховац, заедно со уште најмалку три лица. Телото на Грковиќ подоцна било пронајдено, додека Пелевиќ се уште се води како исчезнат.

Припадниците на ОВК се осомничени и дека на крајот на јуни во Ораховац го киднапирале Бобан Дедиќ, чие тело исто така не е пронајдено, а истата судбина ја доживеа и Марко Јелиќ. Во Гњилан, ОВК го киднапирала и подоцна го убила Мирко Јовиќ, кој порано работел како затворски чувар, како и полицаецот Џема Жуљиќ. Димко Парлиќ бил киднапиран и убиен во Неродимље.

Во Клина се ликвидирани Спаса Банзиќ, Божидар Божаниќ, Младен Божаниќ, Немања Божаниќ, Новица Божаниќ, Миодраг Бурџиќ, Спасоје Бурџиќ, Среќко Симиќ и Предраг Бурџиќ. Димитрије Костиќ, Лазар Костиќ, Тодор Костиќ, Мирољуб Костиќ, Векослав Костиќ, Витомир Костиќ, Рајко Николиќ, Цветко Николиќ, Сашко Костиќ, Живко Костиќ, Миодраг Костиќ, Светислав Костиќ и Среќко Костиќ.

Обвинителството ги соопшти и имињата на жртвите Албанци. Идентитетот на некои од убиените во злосторствата на ОВК сè уште не е достапен за јавноста.

Судењето на Тачи треба да почне на 3 април, а сослушувањето на сведоците е веќе планирано за 11. Засега статус на жртви имаат 137 лица, роднини на загинатите или оние кои се здобиле со повреди.

Би можело да ве интересира

Специјалниот суд во Хаг им го продолжи притворот на Тачи и Весели

Горан Наумовски

На Хашим Тачи и Кадри Весељи им е продолжен притворот во Хаг

Тачи: Случајот „Жолта куќа“ никогаш не постоел

Горан Наумовски

Хашко обвинителство: Тачи, Весели, Красниќи и Селими одговорни за најмалку 102 убиства

Горан Наумовски

Следната недела во Хаг започнува судењето на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи

Ана Ололовска

АБЦ њуз: Рама ја почна битката за спас на Хашим Тачи, Албанија ќе носи резолуција против извештајот на Марти