Уапсени шверцери на возила, ги продавале со фалсификувани сообраќајни

Од:

МВР уапси три лица кои нелегално внесувале и продавале автомобили, мотори, камиони и други возила во Македонија. Освен што ги шверцувале возилата нелегално, за дел од возилата полицијата пронашла и дека имаат фалсификувани исправи.

Меѓу затекнатите возила имало со словенечки таблички, но и со бугарски. Во дворот им нашле 24 патнички возила, едно товарно возило, едно шлеп возило, три мотоцикли и две каросерии, како и повеќе регистарски таблички.

Според царинската управа за шест патнички возила било утврдено дека ги немаат платено пропишаните давачки согласно Законот за царина, што значи дека не ги внеле легално во Македонија.

Пронајдени биле и купопродажни договори за возила кои не биле затекнати при претресот, што значи купците веќе ги подигнале и за нив нема информација дали се со соодветна документација засега.

Трите лица добија кривични пријави за кривични дела „криумчарење“ по член 278, „царинска измама“ по член 278-а, „фалсификување исправа“ по член 378, како и „перење пари и други приноси од казниво дело“

„На 02.03.2023, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во координација со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, инспектори од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, со судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории во село Јаргулица, радовишко, кои се сопственост и ги користат Д.Т.(22), Н.Т.(25) и Б.Т.(44), сите од Радовиш, со престој со с.Јаргулица.

При претресот, во дворот биле затекнати 24 патнички возила, 1 товарно возило, 1 шлеп возило, 3 мотоцикли и 2 каросерии, како и повеќе регистарски таблички. Поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, од Д.Т. биле одземени едно патничко возило „фолксваген туарег“ со бугарски национални ознаки, 1.900 евра и 42.000 денари во различни апоени, а од Б.Т. биле одземени 5 словенечки сообраќајни дозволи и 4 договори за купопродажба, кои се однесуваат на возила кои во моментот не биле затекнати во дворното место.

Од Царинската управа на Д.Т. му е издадена Наредба за непостапување со стоки за 6 патнички возила, за кои било утврдено дека ги немаат платено пропишаните давачки согласно Законот за царина, додека од Државниот инспекторат за животна средина биле констатирани неправилности по Законот за управување со отпад, за што е изречена соодветна санкција. Воедно, од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека Д.Т., Н.Т. и Б.Т. во село Јаргулица вршеле трговија со половни моторни возила без да се регистрирани во соодветниот регистар, за што ќе им биде издадено Решение за привремена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.

Тројцата биле повикани во Полициската станица Радовиш и со нив биле извршени службени разговори, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење“ по член 278, „царинска измама“ по член 278-а, „фалсификување исправа“ по член 378, како и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 од Кривичниот законик.“ се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он