Објавена е снимка од членовите на руската платеничка група Вагнер како го веат знамето на групата на зграда.
Зградата, како што се тврди со видеото, се наоѓа во Бахмут.
Видеото првпат го објави прес-службата на шефот на Вагнер, Јевгени Пригожин на апликацијата Телеграм.
Заедно со видеото ја цитираа изјавата на Пригожин: „Момците се шегуваат, снимаат домашно видео. Видеото е направено во Бахмут утрово, практично во центарот на градот“.
Во видеото, еден од војниците вее знаме на Вагнер, а тројца војници свират на инструменти, алудирајќи на неформалниот прекар на групата – музичарите.
Групата Вагнер го предводеше рускиот напад на областа околу Бахмут и со месеци се обидуваше да го заземе градот, правејќи постепен напредок во околните села.